Линкови за пристапност

Гутереш: Нападите на Хамас врз Израел не го оправдуваат „колективното казнување“ на Палестинците; упати повик за итен прекин на огнот


Тој апелираше за „итно хуманитарен прекин на огнот“ во војната меѓу Израел и Хамас во Газа, повторувајќи ги, како што рече, „двата итни хуманитарни апели“.
Тој апелираше за „итно хуманитарен прекин на огнот“ во војната меѓу Израел и Хамас во Газа, повторувајќи ги, како што рече, „двата итни хуманитарни апели“.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш изјави во средата дека нападите на милитантната група Хамас врз Израел не го оправдуваат „колективното казнување“ на Палестинците и повика на итен прекин на огнот.

Говорејќи на економски Форум во Кина, Гутереш ги осуди нападите на Хамас врз Израел на 7 октомври во кои загинаа повеќе од 1.400 луѓе како „акти на терор“ кои не можат да се оправдаат.

„Но, тие напади не можат да го оправдаат колективното казнување на палестинскиот народ“, рече Гутереш.

Тој апелираше за „итно хуманитарен прекин на огнот“ во војната меѓу Израел и Хамас во Газа, повторувајќи ги, како што рече, „двата итни хуманитарни апели“.

Гутереш го повика Хамас за „итно и безусловно ослободување на заложниците“, алудирајќи на најмалку 199 луѓе киднапирани од милитантите за време на нивната офанзива, најсмртоносната во историјата на Израел.

Гутереш, исто така, го повика Израел „веднаш да дозволи неограничен пристап до хуманитарна помош за да одговори на најосновните потреби на луѓето во Газа, од кои огромно мнозинство се жени и деца“.

„Повикувам на итен хуманитарен прекин на огнот за да се обезбеди доволно време и простор за да се помогне во реализацијата на моите два апели и да се олесни епското човечко страдање на кое сме сведоци“, рече Гутереш.

Гутереш рече дека е „целосно свесен за длабоките поплаки на палестинскиот народ по 56 години окупација“.

XS
SM
MD
LG