Дали ќе има исчекор и деблокада на процесот на евроинтеграции премиерот Мицкоски не може да предвиди но нагласува дека нема да има промена во државните позиции. За разлика од минатото сега нема контра аргументи на курсот на Владата. Уставни измени нема да има, дециден е премиерот.
ДУИ го актуелизираше барањето а експресно одговорија од коалицијата „Вреди“ кои му порачаа дека треба да се посвети на реформи во партијата и да се навикне во опозиција.
Педесетина невладини организации, како дел од иницијативата „Збогум Буково“ бараат итно затворање на охридската депонија Буково и изградба на регионална депонија, каде општините од пелагонискиот и од југозападниот дел од државата ќе го носат отпадот
Сведоците денес потврдија дека имало радио станици во седиштето на партијата, како поданички го опишаа односот на дел од обвинетите со Палевски и зборуваа за финансиските проблеми на првообвинетиот.
Општествена одговорност или профит, дали од Буџетот ќе се плаќаат уште 3,25 отсто камата за 250те милиони евра кои ќе ги подигнат бизнисмените. Мицкоски апелираше до банкарите да помогнат. Министерката Кочоска соопшти дека една банка прифатила да ги пласира парите без дополнителни трошоци
Најмалку 1000 лекари недостасуваат во македонското здравство посочува во разговор за Гласот на Америка ресорниот министер Арбен Таравари. Министерот најавува вработување на 600 приватни специјализанти, како и изнаоѓање решение и за 1.200 здравствени работници ангажирани со договор на дело
Елвис Шаќири, од институтот „Ромалитико“ од Скопје, во октомври годинава во Вашингтон доби признание за Глобален двигател во борбата против расизмот и дискриминацијата. Признанието му го додели државниот секретар на САД, Ентони Блинкен
Вчитај повеќе