Сведоците денес потврдија дека имало радио станици во седиштето на партијата, како поданички го опишаа односот на дел од обвинетите со Палевски и зборуваа за финансиските проблеми на првообвинетиот.
Општествена одговорност или профит, дали од Буџетот ќе се плаќаат уште 3,25 отсто камата за 250те милиони евра кои ќе ги подигнат бизнисмените. Мицкоски апелираше до банкарите да помогнат. Министерката Кочоска соопшти дека една банка прифатила да ги пласира парите без дополнителни трошоци
Најмалку 1000 лекари недостасуваат во македонското здравство посочува во разговор за Гласот на Америка ресорниот министер Арбен Таравари. Министерот најавува вработување на 600 приватни специјализанти, како и изнаоѓање решение и за 1.200 здравствени работници ангажирани со договор на дело
Елвис Шаќири, од институтот „Ромалитико“ од Скопје, во октомври годинава во Вашингтон доби признание за Глобален двигател во борбата против расизмот и дискриминацијата. Признанието му го додели државниот секретар на САД, Ентони Блинкен
Разновидна театарска група со актери од поранешните Ју-простори преку изведба на драмски претстави ќе собираат средства за загрозените од поплавите во БиХ. Мисијата ја почнаа од Охрид, со изведба на детска претстава. Известува Мики Трајковски
Што ќе донесе изборот на Доналд Трамп за претседател на САД за Северна Македонија и Западен Балкан и дали треба да се очекува различен курс од новата администрација или пак поддршката за регинот и пред сè за нашата држава ќе остане или ќе се засили, се прашањата поставувани во домашната јавност
При секој преглед гледаме да ги анимираме жените и да укажеме на важноста од превентивниот и навремениот преглед. Навреме откриената болест, сто отсто можам да кажам дека е излечива, вели Тони Чифлигароски, радиолог од Охрид
Вчитај повеќе