СДСМ предлага укинување на ДДВ на прехранбени производи кое сега изнесува 5 проценти. , од ВМРО – ДПМНЕ сметаат дека станува збор за демагогија и нема да ги поддржат законските измени. Економија најави ригорозни мерки доколку има ценовен шок но не прецизираше какви.
Денешниот настап на Венко Филипче, лидерот на СДСМ, е одговор на повикот на премиерот Христијан Мицкоски за проверка на довербата кај граѓаните, што го упати на минатонеделната собраниска седница на која одговараше на пратенички прашања.
За Владата успешна мерка за граѓаните не. Владата и опозицијата во војна со бројки, владата пресмета 1.360 денари заштеда СДСМ само 57. Нови кошници ќе има, се преговара за тоа кои и колку продукти ќе содржат а чија маржа ќе биде ограничена на 10 отсто
Владата и граѓаните со различни ставови за ефектите на мерката, за едните е успешна за другите поевтинувањето било минимално и не заштедиле ништо. Граѓаните се соочија со празни рафтови а некои производи се продаваа со маржи до 60 отсто. Од економија најавија ригорозни мерки доколку цените скокнат
Рекорден Буџет тежок 6,5 милијарди евра. Приходите се проектирани на 5,8 милијарди евра. 800 милијарди евра се планираат за капитални инвестиции а обезбедени се средства за зголемување на платите и пензиите. Државниот долг е под 60 отсто, растот на 3,7 отсто а инфлацијата на 2,2 отсто.
Во септември археолошкиот локалитет Стоби го посетиле 2.497 лица. Од нив само 322 биле македонски граѓани. Останатите се странци во групи или индивидуално. Најбројни се Американци, Французи, Холанѓани. Без организираните посети од училиштата, бројот на македонски посетители би бил драстично помал.
Вчитај повеќе