Медиумската лабораторија, се надевам, ќе го издигне профилот на новинарството. Ајде заедно да го обновиме нашето ветување за градење и поддршка на слободата и професионализмот на медиумите, рече Анџела Агелер, амбасадорка на САД
Министерката Димитриеска Кочоска денеска во Будимпешта го потпиша договорот за заем од унгарската Експорт-импорт банка. Според најавите, парите треба да легнат на државната сметка до крајот на неделава и половина се наменети за бизнис секторот а половина за инфраструктурни проекти на општините.
Лебот, маслото за јадење и млекото не поевтинија потврди министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Со мерките се спречи раст на цените и на инфлацијата а едно семејство може да заштеди до 1.300 денари вели министерот. Ново намалување на цените ќе има откако маркетите ќе ги истрошат залихите.
Ако од една страна имаме илјадници успешни предмети коишто сме ги завршиле, сето тоа падна во сенка со неколку предмети коишто остареа заради измените на Кривичниот законик што ги донесе законодавецот, а не судската власт. Така смета судијката од Кривичниот суд од Скопје, Даниела Димовска
Може да очекуваме преку Средоземното Море во Европа да дојдат повеќе стотици милиони луѓе, рече унгарскиот премиер Виктор Орбан за време на неодамнешната средба со македонскиот премиер Христијан Мицкоски. Македонскиот НВО сектор има поделени ставови за таквите тврдења.
Ивановски, кој е еден од најуспешните македонски атлетичари на долги патеки го освои третото место со резултат од 02:16:26. Поп Арсова, пак, во женската конкуренција, го освои второто место со време од 02:39:39
Можната војна меѓу Израел и Иран, создава опасност за појава на нова енергетска криза и во Европа предупредуваат експерти. Северна Македонија не би останала поштедена од можните турбуленции со енергенсите и електричната енергија. Известува Мики Трајковски.
Цената на струјата на отворениот пазар ќе се зголеми во зимските месеци бидејќи Украина чиј енергетски систем е уништен ќе влече струја од Европа а тоа ќе значи дека на пазарот ќе има и помали количини за Северна Македонија најавува премиерот Мицкоски.
На уште еден „црн список“ на официјална Москва, се најде Северна Македонија, заедно со уште 47 други држави, поради т.н „деструктивни ставови кои се во спротивност со руските духовни и морални вредности“. Домашни аналитичари не се изненадени од таа политика на Кремљ.
Вчитај повеќе