1.302 новозаболени во последните 24 часа. За една недела рекордни 7.933 нови случаи. Бројот на смртни случаи зголемен речиси за третина. Состојбата во болниците критична, огромен број пациенти се на кислородна поддршка, недостасува медицински персонал кој веќе е на работ од изнемоштеност
Во документот се нотира дека се’ уште опстојува дискриминација на база на етничка припадност, религија, пол и сексуална ориентација
Стружанката Маја Милошевска, успешно раководи со семеен бизнис. На седум хектари одгледува органски производи
Уапсени се девет лица, полицајци кои се вмешани во скандалот. Над 200 лица од соседството и Јужна Америка, водачи на криминални организации и нарко босови имале македонски пасоши. Во истрагата учествувале Интерпол и САД. Кој е мозокот на криминалата операција останува неодговорено
Диригент сум рамномерно како и сите други, мажи и жени диригенти во светот. Не гледам причина зошто би се одвоила од мажите или не би успеала, вели Чадловска во разговор за Гласот на Америка
Северна Македонија ги заострува рестриктивните мерки откако „третиот бран“ на Ковид-19 ги наполни болниците, билтените на починати и максимално го оптовари здравствениот систем.
Аналитичарот, Сашо Клековски, вели дека сето ова повеќе му наликува на ВМРО ДПМНЕ, во периодот 2012-2013 година, кога бил најавуван нов бран и промени во партијата.
На 48 пункта денеска се вакцинираа здравствените работници и припадниците на МВР. Во „Борис Трајковски“ е предвидено да се спорведе вакцинацијата на вработените во критичната инфраструктура на државната администрација. Процесот од регистрација па до вакцинација течеше без никаков застој
Во понеделник почнува вакцинацијата во „А1 арена Борис Трајковски“. Граѓаните ќе се вакцинираат со вакцината „Спутник В“ а за првиот ден веќе се закажани термини за 3.000 лица
Недостасуваат стратегии со кои би се помогнало делата од домашните писатели да добијат добри преводи и да излезат од границите на земјата, истакнува годинашниот добитник на книжевната награда „Роман на годината“ во разговор за „Гласот на Америка“
И покрај тоа што во извештајот е нотиран напредок во одредени области, експертската јавност смета дека во Северна Македонија треба да се работи на фер судења и постапки во судските процеси
Вчитај повеќе