Во клучниот бараж натпревар македонските фудбалери извојуваа победа над домаќинот, репрезентацијата на Грузија, со која се пласираат на Европското првенство кое ќе се одржи идната година. Нацијата го слави историскиот успех
Во наредните денови, дополнителни две возила ќе им се дадат на здравствените институции во земјава, онаму каде се најпотребни, рече министерката Шекеринска
Над 15 илјади заболени и илјада хоспитализирани. Министерот Филипче исклучува воведување на полициски час. Кревети има доволно по ставње во погон на Интерните клиники. Се поголем број на здравствени работници се заболени и изолација што е дополнителен терет на и онака исцрпените медицински тимови
„Мислам дека за регионот треба да се каже дека меѓусебно треба да се согласувате, ова не го заборавајте.“, изјави германската канцеларка Ангела Меркел.
Претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев упатија честитки за новоизбраните претседател и потпретседателка на Соединетите Држави.
Вирусот е меѓу нас. Сега работата е ние да не дозволиме, вирусот да влезе во нас, вели педијатарот од Дебар, Арбен Аголи, кој беше првиот македонски лекар кој на почетокот на пандемијата беше заразен од Ковид-19.
Меморандумот предвидува координација за набавка на вакцини, поддршка во ситуација на преоптоварување на здравствените системи
Универзитетскиот професор за меѓународен тероризам, Ице Илиевски, во разговор за Гласот на Америка вели дека последниот терористички акт во Виена покажува дека на вакви напади не се имуни ниту развиените европски држави и оти станува збор за добро испланиран и синхронизиран чин.
Интерните клиники во Скопје ќе хоспитализираат пациенти заболени од Ковид – 19. Обезбедени се дополнителни 250 кревети. Уште 500 тестови дневно плус за Скопје кое е најпогодено од епидемијата. Вакцинацијата за сезонски грип почнува идната недела
Вчитај повеќе