Дали македонските граѓани ќе ја тужат државата за загадениот воздух? Со неодамнешната одлука, Врховниот суд ја задолжи државата да обезбеди чист воздух и здрава животна средина. Во спротивно граѓаните можат да тужат и полесно да стигнат до правда. Известува Мики Трајковски
Американската асоцијација на психијатри вели дека како што се приближуваат изборите, нивото на стрес расте, без оглед на политичката припадност. Постојаниот проток на вести, стресните расправии и загриженоста за иднината на земјата, вршат притисок врз менталното здравје. Известува Максим Адамс.
По повеќе од две децении пливачка кариера, Евгениј Поп Ацев, во мај годинава влезе во меѓународната „Куќа на славните“ во маратонското пливање. Следен негов предизвик е да го преплива каналот Ла Манш, откако не успеа во првиот обид во 2023 година
Многу е лошо да се каже но, тоа е лотарија, некои пациенти одеднаш ќе дојдат на прво место, затоа што сè им е компатибилно, a има и такви кои со години чекаат, вели Маја Мојсова Мијоска, поранешен национален координатор за трансплантација во изјава за Гласот на Америка
Париз се подготвува да биде домаќин на параолимпијадата овој месец. Повеќе од 4.000 спортисти со попреченост ќе учествуваат на настаните. Сепак, активисти велат дека треба да се направи многу повеќе за лицата со попречености во Франција. Известува Лиза Брајант. .
Голем број од родителите во Северна Македонија случајно откриваат дека нивните деца страдаат од срцеви заболувања. Во државата нема податоци, колкав е точниот број на овие деца, а не постои ниту детска кардиохириргија. Автор Мики Трајковски
Преживеаните од изложеност на радијација во Ново Мексико го повикуваат Конгресот да го прошири законот што наскоро истекува и со кој се обештетуваат Американците кои биле изложени на радијација со федерални нуклеарни тестови. Известува Густаво Мартинез Контрерас од Албакерки.
Загрижувачки број на лекари пријавиле дека биле жртва на насилство на работното место. Анкета спроведена од Лекарската комора пред две години, покажа дека 78 проценти од лекарите пријавиле дека биле изложени на некаков вид насилство.
Историски подвиг во светски рамки постигна Мирјана Симоновска, 74-годишна жена од Делчево која неодамна го освои 5.895 метри високиот врв на планината Килиманџаро во Африка. Вели дека ѝ недостасува друштво за што почесто да оди по планини, кои ги искачува веќе 20 години.
Интересот за крводарување кај македонските граѓани се зголемува. Само минатата година имало 30 отсто повеќе првократни дарители во однос на 2022 година. На ниво на држава во 2023 биле реализирани 59.688 крводарувања
Вчитај повеќе