Целосно раскопан кејот „13 Ноември“ во Скопје. Терасите од рестораните ги нема, а на нивно место работници и механизација. Шеталиштето се реконструира, се очекува да биде готово до почетокот на летото.
Советот за етика, заедно со ОБСЕ објави насоки за етичко работење на македонските интернет медиуми. Но, дали саморегулацијата ќе помогне во искоренувањето на политичките и на бизнис влијанијата во медиумското работење?
Се повеќе жени се дел од т.н. машки професии. Таков е примерот со Розита и Марија, кои се дел од полициските тимови во полициската станица во Охрид. Иако важи за релативно машка професија, велат дека рамо до рамо се носат со предизвиците и со нивните колеги мажи.
Жената и натаму нема еднакви можности за слободно да се вклучи во работни активности. Во современото македонско секојдневие сè уште преовладува мислењето дека нејзиното место е во домот
Делувањето самостојно на дел од помалите партии во македонското Собрание има цена, велат аналитичарите. Сметаат дека тоа ќе се одрази врз понатамошното функционирање на законодавниот дом.
Кога борците на Исламска Држава во 2014-та стигнаа до северниот ирачки град Каракош, едно семејство побегна откако го погреба својот девет годишен син – жртва на борбите. Сега тие и други христијански семејства полека се враќаат дома на време за да го пречекаат папата Франциск.
Вчитај повеќе