Светска банка смета дека на забрзување на економскиот раст на Западен Балкан може да помогне и планот за раст на регионот – иницијатива на Европската унија „тешка“ 6 милијарди евра кои треба да се инјектираат во наредните 3 години.
Сите седуммина кандидати за претседател на државата се појавија, но не сите денеска го потпишаа кодексот за фер и демократски избори.
„Ветер во едра“ – така шефот на дипломатијата ја нарече иницијативата на американскиот Сенат за носење резолуција со која Вашингтон ќе го поддржи процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ.
Нешто повеќе од 4 дена преостануваат за собирање на неопходните 10 000 граѓански потписи за официјално влегување во трката за претседател на државата. На листата од 13, шестмина се уште се далеку од прагот.
26 февруари 2004 година. Државниот авион со кој патува претседателот Борис Трајковски се урива близу Мостар. Нема преживеани во падот кингерот во тоа магливо утро.
Не е само собирањето потписи во фоксуот на партиите. Низа реакции предизвика најавата на Али Ахмети за барање за промена на Уставот, како услов за коалицирање со неговата ДУИ, која би значела шефот на државата наместо на непосредни избори да се гласа во Собранието.
Протестно писто во сандачето на руската амбасада и цвет оставен на влезот на објектот. Така денеска, во Скопје, симболично, преставници на граѓанскиот сектор, носејќи маици на кои пишува „Јас сум Навални“, го изразија револтот по смртта на рускиот опозиционер.
Расколот во Алијанса за Албанците резултираше со кадровски промени во владината постава. По само 10 дена откако беше избрана техничката влада на Талат Џафери од неа си заминаа Фатмир Меџити и Азир Алиу
Опозицијата, иако партиципира во оваа преодна влада, не верува дека таа ќе биде успешна и не запира со критиките за тоа кој е нејзин премиер.
Според новиот премиер останатите клучни цели на неговата влада ќе бидат унапредување на стратешкото партнерство со Европската Унија, НАТО и САД што, како што изјави Џафери, е порака дека нема алтернатива за западната ориентација на земјата.
Претстојните двојни избори – претседателски и парламентарни, кои ќе се спроведат во април и мај, според пресметките на ДИК, граѓаните ќе ги чинат околу 17 милиони евра. Извештај на Владимир Мирчески.
„Влезот во ЕУ треба да биде државна цел, а не партиска работа“ – беше пораката на Лео Варадкар која тој денеска ја прати во Скопје. Тој повтори дека на патот на пристапување Ирска ќе и помогне на Македонија на секој можен начин.
За три седмици отсега Северна Македонија ќе добие нова влада – „Пржинска“, која ќе ја извршува функцијата во периодот од 100 дена до мајските парламентарни избори од чии резултати ќе зависи изгледот на идната политичка влада.
Наодите на мисијата, кои денеска во Скопје ги презентираше евроабасадорот Гир, следат по мониторингот што беше извршен во Советот по низата скандали кои ја тресеа оваа институција – од повелкување на една претседателка, смена на нејзината наследничка, оставки на членови...
Вчитај повеќе