Се работи за возила од марките „мерцедес“ и „сканија“ што биле во употреба во Норвешка, а во македонската армија преминуваат како дел од НАТО-соработката. Целта, како што беше истакнато на церемонијата, е да се зголеми мобилноста на македонските воени лесни пешадиски единици
Се работи за возила од марките „мерцедес“ и „сканија“, од кои повеќето биле во употреба во Норвешка. Донацијата е во рамките на НАТО-соработката, а со цел да се подобри мобилноста и можностите за транспорт кај македонската армија, како дел од Алијансата.
Според првичните резултати од ДИК, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО – ДПМНЕ освоила 326.310 гласа или 39,95%. Кандидатот на СДСМ, пак, Стево Пендаровски освоил 162.678 гласови или 19,92%. Оваа разлика, според изјавите и на самите кандидати, не била во целост очекувана.
Се роди третата политичка сила во македонскиот политички блок, којашто имаме намера во следниот период дополнително да ја потврдиме и надоградиме со цел еден ден граѓаните да имаат можност да бираат нешто ново, истакна Димитриевски
Бидејќи ништо не функционира, да почне државата да функционира, здравството, образованието, судството“, вели жителка на Скопје со која разговаравме откако го оствари своето гласачко право на седмите по ред претседателски избори
Мирна атмосфера, без поголеми чекања и брзо спроведување на постапката. Таква слика видовме низ гласачките места во скопската општина Аеродром, која е една од најбројните. Во слична атмосфера се одвива гласањето и низ другите гласачки места на денешниот прв круг од седмите претседателските избори
Поради новонастаната ситуација со документите за лична идентификација граѓаните денес можат да гласаат со важечки документ за лична идентификација, со лична карта и патна исправа со старото уставно име на државата „Република Македонија“
Останување на патот кон ЕУ, но не до бесконечност, отворање за инвестиции од Русија и Кина, но и задржување на блиските односи со САД како стратешки партнер, иако се најде на т.н. Црна листа на американскиот Стејт департмент, посочува кандидатот Јакимовски.
Јас се кандидирам за претседател и претседателот мора да мисли за државата. Не може заради т.н. црна листа јас да ја мразам цела Америка. Најнормално е дека ние ќе соработуваме со САД. Тие се воедно гарант за постоењето на Република Македонија, вели претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски
Сакајќи да им излезат во пресрет на инвеститорите, сакајќи тие згради што побргу да ги стават во промет или што побргу да ги стават во изведбен процес, некогаш се случува да има и скокање на некои од чекорите за контрола, вели Влатко Шешов, првиот човек на ИЗИИС, во разговор за Гласот на Америка.
Тројца работници се приведени на распит во полиција во врска со пожарот во кој изгоре дел од Универзална сала, еден од симболите на Скопје. Работниците биле во објектот за време на пожарот. Две жени од соседството биле пренесени на Клиника за токсикологија поради вдишување густ чад од пожарот.
Тројца работници се приведени на распит во полиција во врска со пожарот во кој изгоре дел од Универзална сала, еден од симболите на Скопје. Работниците биле во објектот за време на пожарот. На две жени од соседството им е дадена медицинска помош поради вдишување густ чад од пожарот.
До сега имало ситни проблеми, искра од кабел и слично, но сме ги санирале. Предупредувавме дека вакво нешто може да се случи“, изјави Лазар Арсоски од фирмата-изведувач „Универзал-Балкан“ вклучена во реконструкцијата на Универзална сала во Скопје
Топлото априлско сонце ги поттикна јапонските цреши во центарот на Скопје да расцветаат во полн сјај,. Розовите цветови приредуваат уживање како за жителите на градот, така и за туристите.
Руската федерација продолжува да ги убива нашите бранители, фрла балистички ракети и дронови врз цивилите, киднапира деца и држи воени и цивилни лица во заробеништво, вели украинската амбасадорка Лариса Дир во интервју за Гласот на Америка
Патролирањето е во рамките на мисијата на НАТО, „Air Policing“, a ќе следи после договорот што денеска во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец го потпишаа македонската министерка за одбрана Славјанка Петровска и нејзиниот италијански колега, Гвидо Крозето
Вчитај повеќе