Грчките медиуми велат дека грчкиот Министер за финансии, Евангелос Венизелос, во Вашингтон ќе има многу важни средби.
Венизелос планира да има разговори со раководителот на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард и со американскиот Секретар за финансии Тимоти Гајтнер. Тие ќе дискутираат за тоа што е следен чекор откако Европската унија и ММФ минатата недела се договорија за втор мултимилијардерски пакет за помош на Грција.
Пекетот од 155 милијарди долари ќе дојде со доброволни заеми од приватни инвеститори за помагање на Грција да избегне неможност за отплаќање на долгот. Минатата година пакетот на ЕУ и ММФ во износ од 160 милијарди долари не успеа да донесе поголемо подобрување на грчката економија.
Венизелос исто така планира средба во понеделник со водечки членови на американскиот Конгрес.
Двајца конзервативни републикански сенатори минатиот месец побараа од претседателот Барак Обама да ги задржи американските средства од секакво помагање на Грција од страна на ММФ.
Законодавците велат дека парите на даночните обврзници не треба да одат за спасување на држава која трошела неодговорно. Тие исто така велат дека Грција никогаш не ќе може да го отплати заемот.