Линкови за пристапност

Загриженост во САД поради кинеско влијание во Панамскиот канал 


Загриженост во САД поради кинеско влијание во Панамскиот канал 
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:49 0:00

Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе го врати Панамскиот Канал, клучна глобална бродска рута, повторно под контрола на САД, поради стравот од растечкото кинеско напредување. Се разгледуваат следните чекори. Известува Кетрин Гипсон.

Само неколку дена по преземањето на функцијата, претседателот Доналд Трамп им кажа на републиканските законодавци дека сака клучната глобална бродска рута - Панамскиот Канал - да се врати под контрола на САД, велејќи дека американскиот транспорт не се третира фер.

„Кина во суштина го презеде и ние нема да дозволиме тоа да се случи. Нема да дозволиме тоа да се случи. Тоа беше најголемата инвестиција до денес направена од државата“, рече Трамп.

Републиканските законодавци рекоа дека каналот претставува ризик за националната безбедност.

„Кинеските компании во моментов градат мост преку каналот со бавно темпо, речиси една деценија. И кинеските компании ги контролираат пристаништата од двете страни. Делумно завршениот мост ѝ дава можност на Кина да го блокира каналот без предупредување, а пристаништата ѝ даваат на Кина набљудувачки места за да ја темпираат таа акција. Оваа ситуација, верувам, претставува акутен ризик за националната безбедност на САД. Во меѓувреме, високите давачки за транзит преку каналот непропорционално ги погодуваат Американците“, вели републиканскиот сенатор Тед Круз.

САД го изградија каналот во 1914 година и го управуваа до 1977 година кога ја префрлија контролата на Панама.

Претходно овој месец, панамскиот претседател Хосе Раул Мулино рече дека каналот ќе продолжи да припаѓа на неговата земја.

„Панама не е вознемирена од ваквиот тип на изјава. Низ времето, ние сме сојузник и пријател на САД“, рече Мулино.

Околу 72% од производите што транзитираат низ каналот доаѓаат или до или од американските пазари. Договорот за Панамскиот Канал ја штити меѓународната неутралност на бродската рута и им дозволува на САД да интервенираат доколку тоа е загрозено.

„Доколку Панама потпише договор со Народна Република Кина со која таа би управувала со каналот во име на Панама, ова би било јасно прекршување. Но, што ако Панама склучи договор за пристанишни операции со кинеска државна фирма, или дури и приватна фирма под влијание или делумно контролирана од кинеската влада? Со други зборови, една компанија не треба да биде во сопственост на владата за да биде делумно контролирана од владата“, истакнува Јуџин Конторович од Универзитетот „Џорџ Мејсон“.

Сенаторката Марија Кантвел, топ демократка во Комитетот за трговија на Сенатот, повика на посилни трговски договори и зголемување на сајбербезбедноста за да се реши проблемот.

„Поголем проблем е што треба да разбереме кои се недостатоците на тековниот договор. Се надевам дека Панама ќе биде многу кооперативна во разговорот за овие инвестиции во сајбербезбедноста и што треба да се направи“, рече Кантвел.

Аналитичарка, за Гласот на Америка, изјави дека предложената легислатива може да помогне во решавањето на тие проблеми.

„На крајот на денот, навистина се сведува на инвестиции во Америка. Тоа е најмоќната алатка за спротивставување на растечкото влијание на Кина во регионот бидејќи трговијата значи дека земјите во кои ќе оди оваа инвестиција ќе создадат повеќе работни места, ќе имате поголем просперитет. Ќе видите помалку луѓе кои треба да мигрираат во САД“, вели Марија Бозмоски од Атлантскиот совет.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG