Линкови за пристапност

Сиромашните земји го занемаруваат менталното здравје

Светската здравствена организација започнува нова кампања за поедноставување на третманот за ментални и невролошки пореметувања.

Бројот на луѓе кои страдаат од ментални пореметувања е огромен и најголем дел од тие луѓе не ја добива негата што им треба.

Светската здравствена организација проценува дека во светот повеќе од 150 милиони луѓе страдаат од депресија. Околу 125-милиони имаат пореметувања предизвикани од конзумирање алкохол и милиони други страдаат од болести како епилепсија, Алцхајмерова и други деменции.

Светската здравствена организација вели дека повеќе од 75 проценти од луѓето со ментални, невролошки и пореметување од злоупотреба на супстанци живеат во земјите во развој и не добиваат никаква нега или третман.

Директорот на СЗО, Маргарет Чан, вели дека луѓето во сиромашните држави не добиваат соодветна грижа зашто генерално се верува дека софистицирани и скапи технологии се клучни за подобрување на менталното здравје.

„Се соочуваме со погрешна перцепција дека менталното здравје е луксуз. Чини два долари по лице годишно. Добра зделка. Болест од висок профил секогаш предизвикува големо внимание. Луѓето не зборуваат за тоа“.

Светската здравствена организација вели дека луѓето со пореметувања предизвикани од употреба на супстанци често се стигматизирани и предмет на запоставување и малтретирање. Во најголем дел од државите, организацијата вели дека помалку од два проценти од здравствените фондови се трошат на ментално здравје.

Доктор Чан вели дека новите упатства обезбедуваат едноставно техничко орудие за откривање, дијагностицирање и постапување по најчестите проблеми од областа на ментално здравје.

Така, многу зафатените лекари, медицински сестри и лекарски персонал ќе бидат во можност да обезбедат адекватна нега и покрај недостиг на пари и софистицирани објекти.

Имено, за многу ментални болести има лекови и упатствата даваат информација како и кога тие да се употребуваат, а покриени се и многу едноставни и ефикасни психосоциолошки интервенции.

Имплементирањето на новите упатства ќе започне во шест држави, меѓу кои Етиопија, Нигерија, Панама, Сиера Леоне и Соломонските острови.

XS
SM
MD
LG