Линкови за пристапност

После откриените пораки, британскиот амбасадор во САД си поднесе оставка


Во дел од дипломатските пораки што протекоа, Дарок за Трамп вели дека е „нервозен“, „несигурен“ и „некомпетентен“

Британскиот амбасадор во САД, Ким Дарок, соопшти дека си поднесува оставка од позицијата. Тој објасни дека било невозможно да продолжи со својата служба, откако протекоа пораки од неговата дипломатска комуникација, а во кои тој дава критички описи за претседателот Доналд Трамп.

„Иако мојот мандат е до крајот на оваа година, во сегашната ситуација најодговорно е да се отвори простор за назначување нов амбасадор“, се вели во изјавата на амбасадорот.

Во дел од дипломатските пораки што протекоа, амбасадорот за Трамп вели дека е „нервозен“, „несигурен“ и „некомпетентен“, а неговата администрација ја опишува како „уникатно дисфункционална“.

Трамп реагираше преку Твитер, нарекувајќи го Дарок „премногу глупав“ и „помпезна будала“, со кој повеќе „нема да соработува“.

Дипломатската комуникација била наменета за високи британски министри и државни службеници, но официјални лица сметаат дека изворот на информациите е меѓу британските политичари или официјални британски претставници.

Дарок беше назначен за шеф на британското дипломатско претставништво во САД во 2016 година.

XS
SM
MD
LG