Линкови за пристапност

Нови прописи за климатски промени во САД


Агенцијата за заштита на животната средина (ЕПА) објави дека ги финализира правилата за измени на Планот за чиста енергија, иницијатива од поранешниот претседател Барак Обама за намалување на емисијата на издувни гасови во атмосферата од фабриките на јаглен.

Администрацијата на претседателот Трамп ги укинува прописите во САД за емисија на издувни гасови во атмосферата, игнорирајќи ги предупредувањата од научниците дека ако државите не го сторат тоа, ќе има драстични ефекти врз климатските промени.

Агенцијата за заштита на животната средина (ЕПА) објави дека ги финализира правилата за измени на Планот за чиста енергија, иницијатива од поранешниот претседател Барак Обама за намалување на емисијата на издувни гасови во атмосферата од фабриките на јаглен.

„Наместо да го казниме американското производство и да го отстапиме пазарот за кинескиот јаглен, што е основата на Планот за чиста енергија на Обама, ние ги изедначуваме правилата за сите, и ја охрабруваме иновацијата и технологијата во секторот. Поставуваме нови стандарди. Ако во САД не развиеме следна генерација на технологии од чист јаглен, никој нема да го стори тоа“, рече Ендрју Вилер, од Агенцијата за заштита на животната средина.

Новиот Акт за достапна чиста енергија ( АЦЕ ) ѝм дава на 50 држави на САД тригодишен рок да развијат свои планови за намалување на емисијата на издувни гасови, со охрабрување на постројките на јаглен да ја унапредат ефикасноста.

Но, поборниците за заштита на животната средина, и многу демократски законодавци велат дека новите прописи ќе ја зголемат емисијата на јаглероден диоксид и другите загадувачи во следните децении.

Новите прописи се очекува да стапат во сила за 30 дена.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG