Линкови за пристапност

Претседателот Трамп ќе најави враќање на Америка на глобалната сцена


Треба да се обрати пред двата дома на Конгресот, во рамки на редовното годишно обраќање за состојбата во нацијата

Согласно традицијата, во ударен вечерен термин, пренесуван во живо на сите кабелски телевизии - конгресмените, сенатори, креирачите на политика, аналитичарите, во САД, но и светската јавност, се очекува да ги слушне приоритетите на претседателот Трамп за 2018-та, на домашен и на надворешно-политички план.

Се очекува да ја истакне победата со даночните реформи во Конгресот на крајот од минатата година, иако се соочува со најнизок рејтинг како шеф на држава во поновата американската историја.

Претседателот Трамп одржа говор пред двата дома на Конгресот и лани, но тоа не се сметаше за годишно обраќање за состојбите во нацијата зашто беше само неколку недели по неговата победа за влез во Белата куќа. Годинава, се очекува фокусот да биде на силната економија. “Бројките за невработеноста се најниски. Берзите бележат рекорди, се очекува да нагласи Трамп. Меѓутоа, економскиот растеж, барем засега, не му донесе јакнење на поддршката меѓу јавноста во последните анкети. Демократите негодуваат дека не е јасен со приоритетите.

„Републиканските лидери се плашат да ги изразат ставовите, стравуваат од претседателот Трамп“, обвини демократскиот лидер Чак Шумер. Обраќањето на претседателот ќе биде шанса да ја обнови поддршката меѓу јавноста, вели републиканецот стратег Мортон Блеквел. „мислам дека популарноста на Трамп ќе бележи скок“, навести тој. Говорот на Трамп доаѓа во време на длабока политичка поделеност во земјата – Ваквите обраќања со голем медиумски публицитет - нудат можност за повторно преставување на своите политички принципи пред гласачите, потсетуваат аналитичарите.

Истрагата на специјалниот советник Роберт Мулер за руското мешање во изборите во САД и поврзаноста со официјални лица блиски до претседателот Трамп, се очекува да биде главно прашање кое ќе го дефинира исходот од делумните конгресни избори во ноември. Истрагата е облак кој постојано виси над актуелната администрација во Вашингтон, и ќе наметне како една од темите за гласачите во ноември.

Освен за економскиот бум на САД последните 12 месеци, трговијата и имиграцијата, претседателот Трамп се очекува да се осврне дека Америка повторно се враќа на глобалната сцена, притоа наговестувајќи ги акутните предизвиците во надворешна политика, конкретно, мерките против Северна Кореја, Иран, Авганистан.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG