Линкови за пристапност

Гласот на Америка во Кампот Табановце: попатна станица кон ветената земја


Гласот на Америка во Кампот Табановце: попатна станица кон ветената земја
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:47 0:00

Гласот на Америка во Кампот Табановце: попатна станица кон ветената земја

Кампот Табановце е од отворен тип и секој може да замине кога сака но потоа го губи правото да се врати назад

На самата граница меѓу Македонија и Србија се наоѓа кампот „Табановце“ една од попатните станици на бегалците и мигрантите на патот кон ветениата земја. Дваесетина момчиња од Авганистан, Пакистан и Бангладеш престојуваат тука. Закрепнуваат од долгиот пат и деновите пешачење по патишта, пруги и планини. По месеци минати во страв и неизвесност конечно можат да легнат во кревет, да имаат нормален оброк и да се истушираат. Во кампот ќе поминат неколку дена а потоа повторно ќе тргнат на пат надевајќи се дека ќе ја остварат целта – пристоен живот.

Уште едно утро во кампот Табановце на македонско - српската граница, последна станица во Македонија на бегалците и мигрантите одејќи кон ветената земја некаде во западноевропските држави.

Неколкумина голобради момчиња од Авганистан и Пакистан излегуваат на утринското сонце. Повеќето од нив се тука само неколку дена по денови и недели минати пешачејќи по пруги, патишта и планини, криејќи се од патроли стигнале до кампот.

Некој веднаш се обидува да контактира со семејството и пријателите, крои план како и кога да го продолжи патот некој пак го користи времето за молитва.

Сите велат дека тука ќе бидат неколку дена додека да закрепнат, соберат енергија и да им заздрават раните на нозете, а потоа продолжуваат понатаму.

Сите освен ова осумнаесетгодишно момче од Авганистан. Тој ќе остане во кампот. Го изгубил стапалото обидувајќи се да се качи на воз во движење кај Гевгелија. Семејството не знае за страшната повреда а тој упорно ја крие додека разговара со нив преку социјалните мрежи.

Задоволни се од условите во кампот, редовен оброк, чист кревет и прибор за хигиена. Она што најмногу им недостасувало изминатите месеци.

Околу пладне Полициска патрола носи група бегалци од Бангладеш. Залутале во Куманово каде и биле пронајдени. Исплашени, чекаат пред бараките не знаејќи што ќе им се случи понатаму. Грчот попушта кога ќе заврши процедурата на службениците кои ќе ги спроведат до кујната и тоалетите.

Неколку часа подоцна на капијата се појавуваат уште две момчиња. Двајцата се од Авганистан. Лекарскиот тим веднаш им ги санира повредите на стапалата додека преведувачот ги зема нивните податоци. Нивните сонародници љубопитно чекаат да им ја доделат бараката за да можат да се запознаат. Ноќта ја минаа разговарајќи за татковината и проблемите со кои се соочиле попат.

Кампот Табановце е од отворен тип и секој може да замине кога сака но потоа го губи правото да се врати назад. Двајца од бегалците одлучија дека се доволно силни и подготвени да продолжат понатаму.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG