Линкови за пристапност

Врховниот суд се изјасни со две одлуки за финансиското досие на претседателот Трамп


Во двата случаи, изјаснувањето беше 7 : 2, каде главниот судија Џон Робертс и двете негови номинации во мандатот во највисокиот Суд, како судиите Нил Горсач и Брет Кавано, им се приклучија на мнозинството.

Американскиот Врховен суд се изјасни дека обвинителството во Њујорк може да има пристап до финансиски сметки на претседателот Трамп, но во одделен случај, пресече дека сметководителите на Трамп и Банките може да одбијат да ги достават на конгресната истрага, се додека пониските судови не се изјаснат за прашањето.

Ваквата мешана одлука од Врховниот суд е делумно, чекор назад за претседателот, кој го години одбива да ги покаже и ги штити своите финансиски интереси од конгресната, и интересот на јавноста.

Во двата случаи, изјаснувањето беше 7 : 2, каде главниот судија Џон Робертс и двете негови номинации во мандатот во највисокиот Суд, како судиите Нил Горсач и Брет Кавано, им се приклучија на мнозинството.

„Пред 200 години, главата порота на највисокиот Суд се изјасни дека ниту еден граѓанин, ниту претседателот, не се над должноста, да обезбедат докази во една криминална истрага“, изјави главниот судија Џон Робертс.

Според долгогодишното мислење на Одделот за правда, ниту еден актуелен претседател не може кривично да се гони. Трамп за разлика од другите претседатели изминатите децении одби јавно да го објави поднесувањето до даночните власти и даночните плаќања од бизнисите и ги блокираше обидите на сметководители и кредоторите да ги објават документите.

Но, локалните судови во Њујорк и во Вашингтон се изјаснија против него, ѝ затоа неговите адвокати побараа мислење од Врховниот суд.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG