Линкови за пристапност

Кејт Брнс и официјално нова амбасадорка на САД во Северна Македонија


Кејт Брнс и официјално нова амбасадорка на САД во Северна Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:58 0:00

Таа денеска ги предаде копиите на акредитивните писма на шефот на дипломатијата Димитров.

Според протоколот, осмиот по ред американски амбасадор во земјава, ги предаде акредитивите на претседателот Пендаровски.

И амбасадорката и шефот на државата очекуваат зајакнување на пријателството меѓу двете земји и продлабочување на соработката, токму во овој клучен момент за Македонија.

„Ми претставува особено задоволство да го започнам мојот мандат во овој клучен период за односите помеѓу нашите две земји. Со нетрпение очекуваме, до крајот на годината, да и посакаме добредојде на Северна Македонија како 30-та членка на НАТО алијансата. Како сојузници, нашите односи ќе стануваат посилни, поврзани преку нашата заедничка заложба за мир, безбедност и просперитет во регионот и пошироко. Повеќе од 25 години работиме заедно и постигнавме многу во унапредувањето на нашите заеднички цели – да ја видиме Северна Македонија целосно интегрирана во западните институции и целосно посветена на нашите заеднички вредности – демократија, индивидуална слобода, и владеење на правото“, изјави Кејт Брнс, амбасадорка на САД во Северна Македонија.

„Очекуваме наскоро да се заврши и процесот на ратификација на Пристапниот протокол, со што Република Северна Македонија ќе се придвижи чекор напред кон полноправно членство во НАТО алијансата. Тоа ќе претставува и дополнителна потврда на заложбите на Соединетите Американски Држави за стабилна, сигурна и просперитетна Северна Македонија“, изјави претседателот Стево Пендаровски.

До март годинава амбасадор на САД беше Џес Бејли, кој во периодот од 4 години, колку што беше во земјава, одигра една од клучните улоги во политичката стабилизација на Македонија и нејзино враќање на патот на евроатланските интеграции.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG