Линкови за пристапност

Најголема вежба на НАТО после Студената војна


НАТО ја почна најголемата воена вежба во историјата после Студената војна. Учествуваат педесет илјади луѓе од сите земји членки, како и од земјите партнери на Алијансата.

Масивната воена вежба се одржува во Норвешка, а вклучени се околу 65 бродови, 250 воени авиони и хеликоптери, како и 10.000 борбени возила.

Давор Петек, главниот командант на НАТО за сојузнички операции, во изјава за Гласот на Америка истакна дека масовната воена вежба испраќа „многу едноставна порака“.

„Подготвени сме и имаме капацитет да одговориме на секаква можна закана врз границите на НАТО. Никој не би сакал да си има работа со алијанса што има толкав капацитет“, вели командантот Петек.

Според претставниците на Алијансата, вежбата не е акт на агресија, а била поканета и Русија да учествува.

„Ме радува што ќе имаме набљудувачи. Тие ќе видат што правиме и колку сме добри во тоа. Тоа ќе го премисли секој што би сакал да ги премине тие граници“, рече неодамна американскиот адмирал Џејмс Фого, командант на Морнарицата на САД во Европа.

Вежбата се случува во време кога претседателот Доналд Трамп најави можно повлекување на САД од договорот со Русија за контрола на нуклеарното оружје.

Масовните воени маневри се очекува да завршат до 7 ноември.

XS
SM
MD
LG