Линкови за пристапност

Меѓународниот суд на правдата им наложи на САД да укинат дел од санкциите кон Иран


Во одлуката на Судот се вели дека санкциите можат негативно да се одразат врз здравјето и животите на иранските граѓани

Меѓународниот суд на правдата им наложи на Соединетите Американски Држави да ги тргнат санкциите кон Иран што се однесуваат на медицина, храна и авионски делови, а коишто се дел од мерките што администрацијата на Трамп годинава ги воведе кон Техеран.

Иран поднесе жалба до Судот на Обединетите нации за одлуката на САД да ги вратат во сила санкциите што беа укинати во 2015 година по склучувањето на меѓународниот договор, а со кој Иран се обврза да ја укине нуклеарната програма.

Во одлуката на Судот се вели дека санкциите од САД можат да ја загрозат безбедноста на авиосообраќајот во Иран, како и дека мерките што се однесуваат на храната, здравството и медицинските уреди можат негативно да се одразат врз здравјето и животите на иранските граѓани.

Со пресудата, на САД им се наредува да „ги отстранат сите препреки“ што влијаат врз слободниот увоз на продукти во тие сектори.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG