Линкови за пристапност

Нови докази за пренесување на Зика преку сексуален контакт


Четиринаесет нови извештаи во САД упатуваат на пренос на вирусот од машки партнер

Во САД, Центрите за контрола и превенција на болести велат дека истражуваат 14 нови случаи на инфекција со вирусот Зика во САД, за кои постои сомневање дека се пренесени преку сексуален акт.

Центрот за контрола и превенција на болести со седиште во Атланта, во вторникот излезе со соопштение во кое се вели дека сите 14 случаи се жени чиј единствен познат ризичен фактор е сексуален контакт со машки партнер кој неодамна патувал во области засегнати со вирусот Зика.

Во соопштението се вели дека новите извештаи укажуваат на тоа дека сексуалниот акт има поголема веројатност за пренос на вирусот, отколку што се мислело претходно.

Неколку од случаите се бремени жени. Вирусот Зика се поврзува со микроцефалија што предизвикува бебињата да се раѓаат со абнормално мали глави и можно е да предизвика застој во развојот. Научниците се` уште ја немаат докажано причинско-последичната врска.

Центрот за контрола и превенција на болести препорачува мажите кои неодамна патувале во регионите засегнати со вирусот Зика, да користат кондоми или да се воздржат од сексуален контакт со бремени жени или со жени кои може да забременат.

XS
SM
MD
LG