Линкови за пристапност

И Виетнам му оддаде почит на Мекејн


Тамошните граѓани и интелектуалци го опишаа починатиот сенатор како искрен, храбар и благороден човек

Претставници на повеќе од 200 организации и граѓани ја посетија Американската амбасада во Ханој, Виетнам за да му оддадат почит на починатиот сентар Џон Мекејн, јави Виетнамската новинска агенција.

Меѓу нив се највисоки виетнамски лидери, претставници на Комисијата за надворешни работи на Централниот комитет на Комунистичката партија, неколку министри, агенции, организации и заедницата на Виетнам - САД.

Почит му оддадоа претставници на повеќе амбасади и меѓународни организации во Ханој, поранешни колеги и универзитети, виетнамски ветерани, независни новинари и блогери.

Локалните медиуми известуваат дека во кинигата на жалост во Амбасадата, виетнамските интелектуалци го опишале Мекејн како искрен, храбар и благороден човек.

Го пофалија како голем пријател на Виетнам, и човек кој се грижел за пријателството меѓу два поранешни непријатели, додека се бореле за човековите права во Виетнам.

Виетнамскиот народ, исто така, му оддаде почит на местото каде Мекејн беше заробен во 1967-та година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG