Линкови за пристапност

САД на тронот на женскиот фудбал во светот


Ги поразија Холанѓанките со 2:0

Фаворитките САД ги поразија фудбалерките од Холандија со 2:0 во финале на Светското првенство во Лион, Франција. Ова е четврта титула и втора една по друга, за националната репрезентација на САД.

Американките претходно поразија четири европски селекции – Шведска, Шпанија, Франција и Англија.

Во финалето, против Холандија, за САД головите ги постигнаа Меган Рапино во 61-вата минута од пенал и Роуз Лавел во 69-тата.

Градоначалникот на Њујорк Бил де Бласио ги покани светските шампионки на свечена парада во метрополата во среда.

Од Вашингтон, американскиот претседател Доналд Трамп преку Твитер им честиташе на успехот. “Честитки на победата во финалето. Америка е горда на вас“.

Женската фудбалска репрезентација на САД досега има освоено прво место на Светските првенства во 1991-ва, 1999-та и 2015-та, како и златни медали на Олимписките игри во 1996-та, 2004-та, 2008-ма и 2012-та.

Иако имаат постигнато многу поголем успех од машката репрезентација, тие се платени околу 30.000 долари помалку годишно, споредено со фудбалерите од САД.

Светската фудбалска федерација ФИФА им додели 5,4 милиони долари бонус на мажите, иако загубија во осминафиналето во 2014-та, додека жените добија само 1,4 милиони долари кога станаа светски шампионки во 2015-та.

Американската машка репрезентација во фудбал не се квалификува на Светското првенство во 2018-ма. Синоќа загуби од Мексико со 1:0 во финалето на Златниот куп CONCACAF.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG