Линкови за пристапност

Помпео ќе се сретне со лидерите на Латинска Америка


Во Аргентина, американскиот државен секретар ќе учествува на конференција за борба против тероризмот

Државниот секретар на САД Мајк Помпео ќе отпатува во Латинска Америка, каде ќе се сретне со тамошните лидери. Во услови на потешкоти во преговорите со Мексико и земјите од Централна Америка, фокусот на разговорите ќе биде ставен на тоа како најдобро да се спречи протокот на мигранти на јужната граница на САД.

Портпаролката на Стејт департментот, Морган Ортагус, ја образложи целосната агенда на патувањето што започнува утре.

„Од 19-ти до 21-ви јули, секретарот ќе ги посети Буенос Аирес, Аргентина; Еквадор, Мексико Сити и Сан Салвадор, со цел да ја прошири соработката за безбедносните прашања и да се зајакне посветеноста на САД на човековите права и демократијата, особено поддршката за луѓето од Куба, Никарагва и Венецуела, и нивната борба за слобода, да се зајакнат економските партнерства и да се прошират економските можности за нашите граѓани“, рече таа на дневниот брифинг.

За време на посетата на Латинска Америка ќе се разговора за миграцијата, тероризмот и кризата во Венецуела.

Во Аргентина, Помпео ќе учествува на конференција за борба против тероризмот, со која ќе се одбележи 25-годишнината од бомбардирањето на Еврејскиот центар во Буенос Аирес, при што загинаа 85 лица.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG