Линкови за пристапност

Трамп: Ако работите одат добро, ќе го поканиме Ким Јонг Ун во САД


Американскиот претседател, сепак, беше дециден дека, во спротивно, е подготвен да ги напушти разговорите, закажни за 12-ти јуни

На заедничката прес-конференција со јапонскиот премиер Шинзо Абе, кој се наоѓа во посета на Вашингтон, претседателот на САД Доналд Трамп, кажа дека Абе бил „од неверојатна помош“ во преговорите со Северна Кореја.

Трамп на 12-ти јуни ќе се сретне со севернокорејскиот претседател Ким Јонг Ун во Сингапур.

„Ќе биде одлично за Северна Кореја, Јужна Кореја, Јапонија, САД и светот“, истакна американскиот претседател.

Тој додаде дека САД е можно да потпишат договор со Северна Кореја и дека „ако работите се одвиваат добро, ќе го покани Ким Јонг Ун во Вашингтон“, но и дека е подготвен, „ако не одат добро, да ги напушти разговорите“.

Јужнокорејскиот премиер истакна дека Трамп постигнал нешто „што ниту еден претходен претседател не успеал да постигне“.

Трамп за престојниот самит во Сингапур кажа: „Ова нема да биде само можност за фотографирање“. Ќе треба да се денуклеаризираат, не може да ги укинеме санкциите“.

Пред да замине за Вашингтон, Абе истакна дека неговата влада сака да види напредок во ограничувањето на нуклеарната програма на Северна Кореја и балистичките проектили. Тој воедно од Трамп ќе побара со Ким Јонг Ун да разговара за состојбата на јапонските државјани, киднапирани од Северна Кореја во текот на 1970-те и 1980-те години.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG