Линкови за пристапност

Спречен напад врз американска воена база во Британија


Полицијата соопшти дека уапсениот бил единственото лице инволвирано во инцидентот, во кој нема жртви

Воздухопловната база што ја користат американските сили во Британија, кусо време беше затворена, откако едно лице се обидело насилно да влезе во неа.

Обезбедувањето отворило оган кон лицето кое се наоѓало во автомобил во движење, кај контролниот пункт Милденхол во Кралската воздухопловна база во Сафолк.

„Американски војници пукале врз него, по што лицето било веднаш уапсено, а се здобило и со расекотини и модринки“, изјави полицијата на Сафолк. „Нема други повредени во инцидентот“.

Американските воздухопловни сили соопштија се работи за изолиран инцидент.

Базата се користи како транспортен центар и локација за дополнување со гориво за американските авиони од прекуокеански летови. Во неа се сместени 3.000 американски војници и 400 припадници на британскиот цивилен персонал, јави Би-Би-Си.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG