Линкови за пристапност

Отворена можноста САД да воведат царини на мексикански производи


Претседателот Доналд Трамп објави дека САД потпишале „друг важен дел од договорот за имиграција и безбедност со Мексико“, без да открие детали за содржината.

Тој на Твитер напиша дека САД со години се обидувале да постигнат договор за мерката и додаде дека таа ќе треба да биде одобрена од Конгресот на Мексико. Претседателот Трамп се закани дека ако тоа не се случи, ќе бидат воведени царини за увозот од Мексико.

Објавата уследи откако во петокот беше постигнат договор со кој Мексико се обврза да испрати 6.000 војници на границата со Гватемала со цел да го спречи протокот на мигранти. Со новиот договор барателите на азил во САД ќе останат во Мексико во време кога се разгледуваат нивните случаи.

Трамп одамна го критикува Мексико дека не прави доволно за намалување на бројот на мигранти кои доаѓаат на јужната граница со САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG