Линкови за пристапност

САД со можна депортација на нелегални имигранти од недела


Наводно, прва цел се околу 2.000 лица кои имаат наредби за депортирање, за некои од нив поради непојавување на суд за имиграционите процедури

Американските официјални лица неофицијално планираат да почнат со депоратција на недокументирани имигранти в недела.

Наводно, прва цел се околу 2.000 лица кои имаат наредби за депортирање, за некои од нив поради непојавување на суд за имиграционите процедури.

Оваа информација не е потврдена од Агенцијата за царина и погранични служби, но, оваа акција се појавува три недели откако претседателот на САД Доналд Трамп вети дека ќе почне да депортира милиони нелегални лица, кои сега се наоѓаат во САД.

Портпаролот на Агенцијата одби да даде детали за можната депорација, но, рече дека сите оние што ги прекршиле имиграционите закони може да бидат предмет на апсење, приведување и депортација од САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG