Линкови за пристапност

Двајца сенатори со двопартиски договор за здравствената заштита


Двајца клучни американски сенатори, републиканец и демократ се согласија на двегодишен договор за стабилизирање на пазарите за здравствено осигурување, и им дадоа на потрошувачите шанса да купат поевтини полиси.

Претседателот на САД Доналд Трамп, изјави дека го поддржува договорот, но неговиот ентузијазам се намали за време на синоќешниот говор пред конзервативците, можеби поради тоа што ги враќа донациите за осигурителните компании, со цел да се обезбедат поевтини полиси за осигурување за лицата со ниски примања, политика која Трамп ја прекина минатата недела:

„Иако ги поздравувам двопартиската работа што ја завршија сенаторите Александар и Муреј, јас и натаму верувам дека Конгресот мора да најде решение за Обамакеар, наместо да обезбедува финансиска помош за осигурителните компании“.

Но, дали Конгресот ќе го одобри предлогот на сенаторите, дури и со поддршката на Трамп, останува неизвесно.

Претседателот на САД и натаму е критичен кон конгресните републиканци поради неуспехот да го укинат и заменат законот за здравствена заштита за кој се залагаше поранешниот претседател Барак Обама.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG