Линкови за пристапност

Ураганот Бери донесе обилни дождови во делови од САД


Американските сојузни држави по должината на јужниот дел на реката Мисисипи се соочуваат со обилни дождови кои ги донесе ураганот Бери.

Прогнозите се дека остатоците од ураганот ќе донесат од седум до 15 сантиметри дожд во делови од сојузните држави Арканзас, Тенеси, Мисури и Мисисипи. Во некои области врнежите ќе бидат и поголеми.

Бери вчера пристигна во сојузната држава Луизијана како ураган од категоријата еден, поштедувајќи го градот Њу Орлеанс од директен удар. Сепак невремето донесе поплави во други делови на сојузната држава.

Засега нема извештаи за жртви, сериозно повредени или голема штета.

Претседателот на САД Доналд Трамп пред бурата прогласи вонредна состојба во Луизијана, овозможувајќи им на локалните власти да ги користат федерални фондови за да се справат со невремето.

Бери е втора бура од сезоната на урагани која трае до 30-ти ноември.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG