„Ми дава неверојатен мир...“.
Така раскажува 36-годишната Катерина Котљарова која помина две години борејќи се со руските војници во Украина. Таа беше демобилизирана на почетокот на летото 2024 година.
Кога дошла дома, страдала од несоница. Барајќи помош, Котљарова се приклучи на програмата за рехабилитација со едрилици за да помогне во обновувањето на нејзината ментална благосостојба.
„Концентрирана сум на тоа што го правам. Тоа е тимска работа и е неверојатно! Ние не сме само случајни луѓе, секоја од овие девојки споделува слично искуство, тежок пат и совршено се разбираме!“, вели Котљарова.
Еден од членовите на тимот е помладата сестра на Котљарова Олесија. Во 2014 година, таа заедно со Катерина во Донбас се приклучи на волонтерски баталјон. Во 2022 година, таа волонтираше во баталјонот на нејзината сестра. Олесија беше таа што ја охрабри својата постара сестра да се приклучи на клубот за едрилици и сега со задоволство ја гледа Катерина како се опоравува.
„Таа сега спие многу подобро; имаше несоница долго време. ... Се боревме извесно време давајќи и апчиња за спиење, но сега таа може да се справи и без тоа. Едрењето и дава мир и хармонија!“, вели Олесија.
Капетанот и основачката на програмата за рехабилитација на едрење на жени ветерани е 43-годишната Викторија Пототска, ентузијаст повеќе од 10 години. Таа го придружуваше својот сопруг на регати додека тој не им се придружи на вооружените сили во 2022 година.
Летото 2024 година, со поддршка на УСАИД, Потоцка започна курсеви за едрење за жени кои беа најмногу погодени од војната.
„Тие ни помогнаа да го реализираме овој проект за рехабилитација на воени сопружници, ветерани, раселени лица. Избравме 16 жени од цела Украина кои подоцна ни се приклучија“, објаснува ПОтоцка.
Летово жените за прв пат се натпреваруваа во регата за едрење. Некои, како 41-годишната поранешна болничарка Ирина Витив, чиј сопруг и син се на првата борбена линија, сега тренираат за меѓународни натпревари следната година. Ваквиот спорт ѝ даде на Ирина нова цел и потенцијална нова професија: инструкторка по едрење.
„Едрењето е како совладување на друг јазик, тоа е сосема поинаква вештина што јас воопшто ја немав порано. Но, влегов во тоа, а сега одам и на капитенски курс и сонувам да добијам капитенска дозвола!“, вели Витив.
Во октомври овие жени учествуваа на регатата „Едра на победата“ за борци кои минуваат низ рехабилитација. Со 30 пловни објекти, настанот постави нов национален рекорд за најголем собир на воени ветерани во едрена регата во Украина.
Facebook Forum