Линкови за пристапност

„Твитер“ нема да го блокира теоретичарот Алекс Џонс


Ние не го суспендиравме Алекс Џонс ниту пак „InfoWars“ - причината е едноставна: тој не ги прекрши нашите правила

Откако неколку социјални медиуми го забранија теоретичарот за заговор за алтернативно право Алекс Џонс и неговото шоу „InfoWars“, претходно оваа недела, „Твитер“ објави дека нема да го блокира Џонс, што предизвика лавина реакции кај корисниците.

„Ние не го суспендиравме Алекс Џонс, ниту пак „InfoWars“ вчера. Ние знаеме дека тоа е тешко за многумина, но причината е едноставна: тој не ги прекрши нашите правила“, напиша извршниот директор на Твитер, Џек Дорсеј. Инаку, Алекс Џонс има повеќе од 860.000 следбеници на Твитер.

Во понеделникот, „Јутјуб“ и „Фејсбук“ ги отстранија Џонс и неговите страници од нивните платформи, тврдејќи дека видеата на Џонс ги прекршиле упатствата за говор на омраза.

Џонс во неколку наврати употребил говор на омраза за муслиманите и трансродовите луѓе, а во јули најверојатно се заканувал и за специјалниот советник на САД, Роберт Мулер.

„Мулер е демонот што ќе го урнам, или ќе умрам“, рекол Џонс на емитувањето во јули, имитирајќи како држи пиштол во рака.

Во минатото, Џонс неосновано тврдеше дека терористичките напади од 11-ти септември и пукањето во основното училиште „Сенди Хук“ во 2012-тата во Конектикат биле измами извршени од страна на американската влада.

Неколку родители на деца кои биле убиени во „Сенди Хук“ го тужат Џонс за клевета. Во моментот кога беше отстранет Јутјуб каналот, Џонс имал повеќе од 2,4 милиони претплатници, со 1,5 милијарди прегледи на сите негови видеа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG