Линкови за пристапност

САД го поканија Путин на самит во Вашингтон


Идејата за втора средба Трамп - Путин доаѓа само три дена по првиот самит во Хелсинки

САД и Русија разговараат во врска за организирање втора средба меѓу нивните лидери, потврди портпаролката во Белата куќа, Сара Хакаби Сандерс, во четвртокот на социјалните медиуми.

Сандерс, на Твитер напиша дека претседателот Доналд Трамп побарал советникот за национална безбедност, Џон Болтон, да го покани рускиот претседател Владимир Путин во Вашингтон „на есен“, и дека „тие дискусии се веќе во тек“.

Кога беше информиран дека Путин би можел да дојде во главниот град на САД уште пред неколку месеци, директорот на Националната разузнавачка служба Дан Коутс на форумот во Колорадо тогаш изјави, „Ќе ги разгледаме сите потенцијални ризични разузнавачки податоци кои би можеле да настанат и тие информации ќе му бидат доставени на претседателот.“

Идејата за втора средба помеѓу Трамп и Путин доаѓа само три дена по првата средба во Хелсинки. Средбата доведе до значителни двопартиска критика во САД, бидејќи американскиот лидер застана на страната на негирањето на рускиот претседател дека Москва се мешала во американските претседателски избори во 2016-та година со цел да се обиде да му помогне на Трамп да победи.

Исто така, постои голема загриженост меѓу пратениците и разузнавачките служби во Вашингтон за содржината што ја разговарале за време на средбата лице в лице помеѓу Трамп и Путин, кој траеше повеќе од два часа, само со своите преведувачи.

Рускиот претседател рече дека би било „наивно да се помисли дека проблемите“ меѓу најголемите светски нуклеарни суперсили „ќе бидат решени за неколку часа“. Но, тој исто така рече дека „патот кон позитивните промени е започнат. Важно е да се случи целосен состанок кој ќе ни овозможи директно да разговараме. Ќе видиме како работите ќе се развиваат понатаму.“

Путин, исто така, посочи дека разговорите во понеделникот доведоа до „корисни договори“. Од Белата куќа или други официјални претставници нема подетални информации.

Гласот на Америка побара од Белата куќа коментар за тврдењето на Путин во врска со договорите. Оттаму, немаше одговор.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG