Линкови за пристапност

Црна Гора: Придонесуваме за мирот и стабилноста во Европа и во светот


Црногорските власти одговорија на неодамнешното тврдење на претседателот на САД Доналд Трамп, дека „многу агресивните луѓе“ од оваа мала балканска земја, би можеле да започнат со Трета светска војна

Црна Гора вели дека „придонесува за мирот“, како одговор на неодамнешното тврдење на американскиот претседател Доналд Трамп, дека „многу агресивните луѓе“ од оваа мала балканска земја, би можеле да започнат со Трета светска војна.

Во денеска објавено соопштение, црногорската Влада вели дека „придонесува за мирот и стабилноста, не само на европскиот континент, туку и во целиот свет, заедно со американските војници во Авганистан“.

Прашањето стана актуелно, кога Трамп во интервју за ТВ-мрежата Фокс, повторно го критикуваше НАТО, штом новинарот го постави прашањето зошто неговиот син треба да ја брани Црна Гора, ако биде нападната?

Интервјуто беше објавено откако Трамп, долгогодишен скептик за Алијансата, се состана со рускиот претседател Владимир Путин во Хелсинки. Русија изрази незадоволство кога во 2017-та година Црна Гора се приклучи на НАТО, а односите меѓу двете земји се затегнаа, бидејќи балканската нација се залага за поблиски врски со Западот.

Трамп одговори: „Ве разбирам што зборувате. Црна Гора е мала земја со мошне силни луѓе... Тие се многу агресивни луѓе, тие можат да станат агресивни, и честитики, влегувате во Третата светска војна“.

Коментарите уследија кога Трамп и новинарот Карлсон разговараа за Членот 5, заедничката одбранбена клаузула на НАТО, според која, нападот врз една членка на НАТО, е напад врз сите членки.

И покрај коментарите на Трамп, црногорската Влада додаде дека останува посветена на демократијата и на градење „постојан“ однос со САД.

„Во денешниот свет, не е важно колку си голем или мал, туку до кој степен ги почитуваш вредностите на слободата, солидарноста и демократијата“, се вели во соопштението. „Затоа, пријателството и сојузништвото на Црна Гора и САД е силно и постојано“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG