Тројца американски државјани со години затворени во Кина пристигнаа во САД доцна во средата како дел од размената на затвореници меѓу Вашингтон и Пекинг.
Размената, која Белата куќа ја објави претходно во средата, означи редок дипломатски договор меѓу САД и Кина со завршувањето на мандатот на американскиот претседател Џо Бајден.
Пекинг вчера објави дека САД вратиле четири лица во Кина, вклучително и најмалку тројца кинески државјани, за кои Пекинг рече дека биле приведени за „политички цели“.
Четвртиот беше поединец кој Пекинг го бараше за злосторства кој живеел во САД.
Кинеската влада не ги идентификуваше четирите лица.
Тројцата Американци ослободени во размената - Марк Свидан, Каи Ли и Џон Леунг - слетаа во средата вечерта во воената база во Сан Антонио, Тексас.
Бајден им рече на новинарите вчера утрото дека разговарал со сите нив.
„Навистина сум среќен што се дома“, рече тој.
Сите тројца Американци беа означени како незаконски приведени. Свидан се соочуваше со смртна казна поради обвиненијата за дрога, а Ли и Леунг беа затворени поради обвинение за шпионажа.
Во посебен, но поврзан потег, Стејт департментот во средата го спушти своето предупредување за патување во Кина на „ниво второ“ од „ниво трето“, сега советувајќи ги американските граѓани да „да имаат зголемена претпазливост“ кога патуваат во Кина.
Претходно, Стејт департментот ги советуваше Американците да го „преиспитаат патувањето“ во Кина, делумно поради ризикот од погрешно притворање на Американците.
Размената на затворениците доаѓа два месеца откако Кина го ослободи Дејвид Лин, христијански свештеник од Калифорнија, кој помина речиси 20 години затвор во Кина, откако беше осуден за договорна измама.
И во август, САД се вклучија во посебна историска размена на затвореници.
Таа, меѓу САД и Русија, вклучуваше ослободување на американските новинари Алсу Курмашева и Иван Гершкович, ексмаринецот на САД Пол Вилан и постојаниот жител на САД и рускиот опозициски лидер Владимир Кара-Мурза.
Некои информации во овој текст се од Асошиетед прес и Ројтерс