Линкови за пристапност

Трет ден распит на Кавана


Ако биде одобрен во Сенатската комисија за правосудство, номинацијата за Врховниот суд ќе оди пред Сенатот

Сенатската комисија за правосудство денес ќе продолжи со распит, на кој ќе сведочат лица што го познаваат Брет Кавана, номинацијата на претседателот Доналд Трамп за судија на Врховниот суд.

Вчера заврши вториот ден од распитот на кој Кавана одговараше на прашањата на сенаторите.

Ден претходно кажа дека е независен судија, но, одби да даде одговор на прашањето поврзано со кампањата на Трамп и Русија во 2016-та година.

„Судството е последната инсатнца за владеење на правото. Како што кажав во моето воведно излагање, Врховниот суд е последна линија за заштита на одвоеноста од власта, како и за првата и слободите на граѓаните загарантирани со Уставот и законите на САД“, рече Кавана.

Тој одби да заземе став за тоа дали претседателот може да биде повикан на суд да сведочи, дали може да се помилува себе си` ако е обвинет за кривични дела, и дали тој уште верува во она што го напишал пред две децении дека претседателот може да отпушти обвинител кој врши истрага против него.

Ако Кавана биде одобрен од Комисијата, во која мнозинство се републиканци, тој ќе оди пред Сенатот, каде републиканците имаат тесно мнозинство од 51 наспроти 49 гласа на демократите.

Засега нема републиканци кои рекле дека ќе гласаат против Кавана. Неколку демократи рекоа дека ќе гласаат против.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG