Линкови за пристапност

Затворањето на американската влада удри и по џебот на малите бизниси во Вашингтон


Затворањето на американската влада удри и по џебот на малите бизниси во Вашингтон
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:52 0:00

Заради делумното затворање на владата, осумстотини илјади федерални работници денеска нема да земат плата. Но тие не се единствените кои го чувствуваат негативниот ефект

Додека владата продолжува да биде затворена, бизнисите во Вашингтон го чувствуваат ударот:

„Се обидувам да заработам некоја пара за живот, но тешко е“ вели Томи Ричардс која вози такси во главниот град на САД.

„Нема муштерии. Не можеме да платиме кирија, не можеме да исплатиме плати... ова е премногу“ вели Хасам Реза, кој работи во ресторан.

Пролонгираното затворање на владата има негативно влијание на економијата и бизнисите во целата држава, вели Сем Бергер, кој бил политички советник за време на затворањето на владата во 2013-та:

„Според Белата куќа, затварањето чини околу 2.5 милијарди неделно. Мислам дека не се работи само за бројките - луѓето имаат тешкотии, ова е голем предизвик за малите бизниси.“

Во меѓувреме претседателот не отстапува:

„Единствено решение е демократите да усвојат буџет што ќе ги брани нашите граници и ќе ја отвори владата.“ кажа претседателот на САД, Доналд Трамп.

Конгресните демократи се против ѕидот и веруваат дека Трамп ја држи земјата во заложништво за да исполни кампањско ветување.

Луѓето во главниот град се фрустрирани.

„Се надевам дека ќе ја отвори, зашто луѓето треба да се вратат на работа.“ додава Томи Ричард.

„Дајте му што бара, зашто на точка сме кога сите страдаат.“ вели Адам Тенга, сопственик на ресторан.

Откако започна ова затварање, во декември, некои ресторани нудат бесплатна храна во одредено време во денот за владини работници кои не се платени.

„Од 6 до 8, овде за нив има бесплатна пица. Мислам дека тоа е добро. Има многу луѓе кои едвај врзуваат крај со крај“, вели готвачот Дерик МекГејт.

Утре ова затворање на владата ќе биде најдолго во историјата на САД.

XS
SM
MD
LG