Линкови за пристапност

Што се анкети и како тие се прават?


Што се анкети и како тие се прават?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:46 0:00

Што се анкети и како тие се прават? Сè што може да направи една анкета е да понуди предвидлива слика од репрезентативен примерок на гласачи, но сепак тие имаат и статистичка грешка.

Што се анкети и како тие се прават?

Победникот на изборите обично се одлучува на или набргу по денот на изборите.

Сè што може да направи една анкета е да понуди предвидлива слика од репрезентативен примерок на гласачи, но сепак тие имаат и статистичка грешка. Така, во 2016 година еден аналитичар, од Принстон - Сем Ванг, беше толку сигурен во анкетата што предвидуваше победа од кандидатката на Демократската партија, Хилари Клинтон, што ветил дека ќе изеде бубачка на Телевизија во живо. Поради облогот, тој изеде штурец во живо на CNN.

Кога некоја анкета ќе биде објавена заедно со неа има и маргина на грешка. Ова е застрашувачки статистички концепт, но се сведува на нивото на доверба во примерокот што го користеле конкретно колку точно ја претставува популацијата. По правило, помал примерок значи поголема маргина на грешка.

Теоретски, ако на анкетата има маргина од плус или минус три значи дека анкетарот е уверен дека резултатите ја одразуваат реалноста од три процентни поени, на еден или на друг начин. Тоа значи дека ако една анкета покажува кандидат со предност од два поени, но маргината на грешка е плус или минус три, тоа не е статистички значајно, и веројатно не треба да обложувате многу пари или да јадете инсекти. Но ако кандидатот има 15 поени разлика со плус или минус три проценти маргиналнагрешка што е статистички значајна, тогаш тоа е совршен примерок или сосема безбеден облог.

Методологијата може да биде покомплицирана од тоа, дури и да вклучи напредна теоретска математика. Но, во пракса, познато е дека анкетарите, па дури и научниците си играат брзо и лабаво со статистичка анализа, што е дел од тоа зошто анкетите понекогаш можат да бидат точни или погрешни.

Индивидуалните анкети сè уште се корисни сами по себе, особено кога се истакнуваат конкретни прашања и можат да ви кажат многу за состојбата на кампањата. На крајот на краиштата, тие често се една од најдобрите достапни мерки.

Но контекстот е важен. Публикациите како „Њујорк тајмс“ и 538 точка ком собираат податоци од повеќе анкети создавајќи просек на анкетите кои можат да претставуваат поширока слика за тоа што се случува. Но, дури и овие збирни просеци може да го направат исходот погрешен, како во 2016 година.

Сепак, тие можат да откријат широк опсег на трендови зад податоците. Ако кандидатот брзо паѓа на повеќе анкети кои сè уште немаат точен исход, можете безбедно да заклучите, дека тие и не се толку добро како што биле.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG