Линкови за пристапност

Девет убиени oд работник во Конектикат


Осомничениот го направил делото откако откако против него била покрената дисциплинска постапка

Полицијата во североисточната сојузна држава Конектикат јави дека незадоволен вработен во фирма за дистрибуција на пиво отворил оган во магацинот каде работел, убивајќи девет лица, меѓу нив и самиот.

Осомничениот е возач кој работел во компанијата Хартфорд Дистибуторс. Тој го направил делото откако откако против него била покрената дисциплинска постапка.

Смртоносната пукотница се случила во вторникот наутро, кога многу лица се во зградата при замена на смените.

Полицијата вели дека откако ги истрелал сите куршуми, тој се самоубил.

XS
SM
MD
LG