Линкови за пристапност

Рубио во посета на Костарика и Гватемала со фокус на миграцијата и безбедноста


Фотографија објавена од прес-службата на претседателот на Ел Салвадор на која се гледа американскиот државен секретар Марко Рубио на состанок со претседателот на 3 февруари 2025 година
Фотографија објавена од прес-службата на претседателот на Ел Салвадор на која се гледа американскиот државен секретар Марко Рубио на состанок со претседателот на 3 февруари 2025 година

Американскиот државен секретар Марко Рубио денес одржува состаноци со официјални лица во Костарика, а подоцна и во Гватемала, како дел од патувањето низ Латинска Америка фокусирано на миграцијата, безбедносната соработка и спротивставувањето на кинеското влијание во регионот.

Рубио беше во Ел Салвадор на разговори вчера со претседателот Најиб Букеле, и тој објави дека Букеле понудил да ги прифати сите депортирани од САД, без оглед на нивната националност.

„Тој исто така е понуди да го стори истото за опасните криминалци кои моментално се во притвор и ја отслужуваат својата казна во САД, иако тие се државјани на САД или легални жители“, рече Рубио.

Владата на САД не може легално да депортира американски државјани.

Рубио рече дека Ел Салвадор целосно ќе соработува за репатријација на државјани на Ел Салвадор кои се илегално во САД.

Букеле на Икс рече дека неговата влада им понудила на САД „можност да даде дел од својот затворски систем“, при што Ел Салвадор прифаќа такса за задржување на осудените.

„Таксата би била релативно ниска за САД, но значителна за нас, што ќе го направи целиот наш затворски систем одржлив“, рече Букеле.

Стејт департментот рече дека Рубио, исто така, покренал стратегии за да се спротивстави на влијанието на кинеската комунистичка партија на западната хемисфера за да ги заштити суверенитетот и интересите на двете нации и на регионот.

Неговата посета доаѓа во време на реструктуирање на американската агенција која ја надгледува странската помош, што предизвика пресметка меѓу демократите во Конгресот и администрацијата на претседателот Доналд Трамп.

Рубио рече дека сега е вршител на должноста директор на УСАИД и дека ќе преземе чекори за усогласување на активностите на агенцијата со политиките на администрацијата

Доцна вчера, САД и Ел Салвадор, исто така, потпишаа меморандум за разбирање за цивилна нуклеарна соработка, проширувајќи ги стратешките односи меѓу двете нации. Стејт департментот рече дека меморандумот за разбирање претставува првичен чекор кон градење робусно цивилно нуклеарно партнерство, со цел да се зајакне енергетската безбедност и да се поттикне економската соработка.

XS
SM
MD
LG