Линкови за пристапност

Папата побара прошка од Господ


Францис исто така повика на преземање „цврсти и решителни мерки“ за да се задоволи правдата по скандалот со сексуална злоупотреба

Папата Францис „побара прошка од Бог“ за скандалот со сексуална злоупотреба кој ја потресе Римокатоличката црква. Toj во Ирска кажа дека скандалот е „отворена рана“ и треба да се преземат „цврсти и решителни“ мерки за да се дојде до „вистината и правдата“.

Папата со голема миса на отворено во Даблин ја заврши посетата на Ирска, каде тој побара прошка во време кога црквата не понуди сочувство кон „жртвите од секаков вид на злоупотреба“.

Стотици верници се собраа да го ислушаат папата и покрај дождливото и ветровито време. Истовремено стотици илјади лица протестираа против злоупотребата од страна на свештениците. Демонстрантите во Туам ги рецитираа имињата на околу 800 бебиња и деца кои починале во католичкото сиропиталиште во градот, поголем дел од нив во 1950-тите години.

Барањето на папата Францис за прошка доаѓа во време кога архиепископот Карло Марија Вигано публикува писмо во Националниот католички регистар. Во писмото од 11 страници, пензионираниот амбасадор на Ватикан во САД го обвинува папата и другите претставници на Ватикан дека ги игнорирале тврдењата за сексуална злоупотреба кои биле изнесени против кардиналот Теодор Макарик, кој минатиот месец поднесе оставка откако црковна истрага утврди дека наводите биле веродостојни.

Вигано вели дека во 2013-та година му кажал на Францис за тврдењата дека Мекарик спиел во семинарии, но Францис ги укинал санкциите за Мекарик кои претходно ги наметнал папата Бенедикт.

„Папата Францис од 23-ти јуни 2013-та година знаеше дека Мекарик е сериски измамник“ напиша Вигано, додавајќи дека папата „знаеше дека тој е корумпиран човек, но го сокрил тој факт.“

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG