Линкови за пристапност

Барање за нови НАТО-засилувања во Авганистан


Барање за нови НАТО-засилувања во Авганистан
Барање за нови НАТО-засилувања во Авганистан

2.000 војници на Алијансата можеби ќе заминат за Авганистан

Претставник на НАТО вели дека 2.000 војници на Алијансата можеби ќе заминат за Авганистан, на барање на американскиот генерал Дејвид Петреус, командантот на меѓународната операција во земјата.

Доколку барањето биде одобрено, засилувањата ќе се придодадат на меѓународните сили во Авганистан што во моментот бројат 140.000 војници.

Неименуваниот претставник на НАТО во Брисел не појасни кои од 28-те земји-членки ќе испратат војници, но кажа дека се` уште се дискутира за барањето. Според истиот извор, речеиси половината од новите војници ќе вршат обука на авганистанските сили за безбедност.

XS
SM
MD
LG