Линкови за пристапност

Ќе го посетите ли Вашингтон летово?


Ќе го посетите ли Вашингтон летово?
Ќе го посетите ли Вашингтон летово?

Маунт Вернон, домот на Џорџ Вашингтон, првиот претседател на државата, има клима-уред.

Пролет е, и главна туристичка сезона во Вашингтон со околината. Но наскоро доаѓа вистинско лето по должината на реката Потомак, и најпозната фарма е подготвена. Маунт Вернон, домот на Џорџ Вашингтон, првиот претседател на државата, има клима-уред.

Што е специјално во врска со тоа?

Сопствениците на историски објекти се исправени пред основното прашање: Треба ли да го зачуваме нашето богатство во состојба колку што е можно поблиска на онаа во која славните луѓе живееле и работеле овде? На крајот на краиштата, ние правиме работи како симнување на наслаги од боја само за да ја најдеме и реставрираме автентичната од пред еден или два века.

Или, пак, треба да ги свиткаме малку принципите на конзерваторите и да го направиме местото пријатно за посетителите и за вработените?

Асоцијацијата Дамите на Маунт Вернон – првата национална конзерваторска организација што некогаш го спасило имотот на Вашингтон од пропаѓање по Американската граѓанска војна – претрпе многу превирања заради оваа дилема. Со години, многу членови се противеа на секакви мерки за контрола на климата, тврдејќи дека Џорџ и Марта Вашингтон никогаш немале вакви уреди. Тие исто така биле загрижени што инсталација на клима-уред може да го оштети гипсот и тапетите и дрвото.

Кога Дамите на Маунт Вернон решиле сепак да стават разладен систем пред неколку години, двајца од клучните вработени во организацијата си дале оставка во знак на протест. Едниот од нив потегот го нарекол неетички. Но, силите на реновирањето победиле. Клима-уредот би помогнало да се зачува вредниот мебел и музички инструменти што топлината и влагата ги деградира, тврделе тие. Освен тоа, претприемачите ги убедиле дека сите отвори би биле одвај забележливи.

Така, иако Маунт Вернон е 211 години стар, сепак е „кул“. Во буквална смисла на зборот.

XS
SM
MD
LG