Линкови за пристапност

Прва Американка победник на маратонот во Њујорк


По 40 години, Шалин Фланиген победи на традиционалниот маратон

Шалин Фланиген е првата жена Американка, која во 40 години, победи на маратонот во Њујорк, истрчувајќи за два часа, 36 минути и 53 секунди.

„За овој момент сонував од малечка“, изјави 36-годишната Фланиген, која е добитник на сребрен медал во дисциплина 10.000 метри, на Олимпијадата во 2008-та.

Трката се одржа под засилено обезбедување, пет дена по нападот во Њујорк, кога камион прегази осум луѓе на велосипедска патека.

Кабинетот на градоначалникот на Њујорк изјави дека два милиони луѓе излегле на улица за да ги поздрават тркачите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG