Линкови за пристапност

Научници на НАСА креираат прецизна мапа на Месечината


Научници на НАСА креираат прецизна мапа на Месечината

Како дополнение на спектакуларните фотографии, преку инструментите на лунарната сонда мерена е температурата на Месечината и нивото на радијација.

Уште пред лансирањето на новата лунарна сонда (ЛРО) за истражување на Месечината, пред повеќе од една година, овој месечев орбитер испрати на Земјата многу висококвалитетни фотографии и други податоци за Месечината.

Џим Хед е професор по геологија на Универзитетот Браун. Тој вели дека картите од Месечината добиени од оваа сонда се многу поразлични од оние што порано ги користел додека работел на програмата Аполо, летало што за прв пат испрати човек на месечината во 1968. Тогашните мапи биле базирани на фотографии со помала резолуција, така што не било лесно да се најде точното место за слетување.

„Сега, со помош на инструментот познат по кратенката ЛОЛА (Lunar Orbiter Laser Altimeter), се добива можност за креирање на мапи што практично изгледаат како фотографии. Така, преку 2,5 милијарди прикази на ласерски податоци комбиниравме за да креираме глобални топографски мапи на кои се видливи големите кратери на Месечината“, вели Хед.

Инструментот ЛОЛА избројал 50.000 кратери на Месечината на растојание од 20 километри. Главниот научник за истражување на Месечината, Мајк Варго, вели дека новите мапи можат да лоцираат безбедни места за слетување, но и да обезбедат детали за тоа како таа локација е осветлена од сонцето.

Новите топографски податоци даваат приказ на посложен изглед на Месечината од претходната претстава за најблискиот сосед на Земјата. Се верува дека кратерите на Месечината се резултат на „бомбардирања“ од астероиди или комети.

Како дополнение на спектакуларните фотографии, преку инструментите на лунарната сонда мерена е температурата на Месечината и нивото на радијација, а тоа помогнало да се потврди присуството на водород и кислород во слоевите на мраз. Воедно, добиени се и нови информации за составот на површината на Месечината.

Сондата ЛРО ќе кружи околу Месечината уште две до четири години.

XS
SM
MD
LG