Линкови за пристапност

Драстично намалување на бројот на ученици во Македонија


Драстично намалување на бројот на ученици во Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:15 0:00

Во некои училишта бројките се преполовени во однос на оние пред една деценија

За само три учебни години бројот на ново запишани првачиња во Македонија е намален за 2.500. Ако во учебната 2016-17-тагодина во прво одделение тргнале 22.790 првачиња, оваа година тој број е 20.260. Во некои од училиштата во руралните средини во прво одделение има по еден или двајца ученици, а се формираат и комбинирани паралелки,

„Причината за ова и сите граѓани во Македонија ја знаат, тоа е невработеноста и тоа е на прво место. Поради тоа сите млади кои не можат да најдат работа во нашата држава размислуваат да заминат во странство. Затоа и бројот е многу, многу намален за разлика од минатите години,“ вели Шќелќим Алиу наставник во основно училиште Браќа Миладиновци во Струга кој е наставник веќе 27 години. Тој вели дека ако училиштето во кое што работи некогаш броело 2.400 ученици, сега таа бројка е само 1.160.Многу од ученици се отпишуваат и среде учебна година и заедно со своите семејства заминуваат во Западна Европа:

Професорката во средно училиште во Струга, Соња Столеска за Гласот на Америка кажа:

„За овие 10 години, двете наши училишта и гимназијата и средното стручно имаат намалена бројка за околу 1000 ученици. Тоа се должи на две состојби, што многу млади се иселуваат и второ е што многу помалку раѓаат. Ме загрижува тоа што ќе немаат часови идните колеги, а намалувањето на децата не можеме ние како образовен систем да го решиме“.

За социологот Татјана Стојаноска Иванова за подобрување на сегашната состојба е неопходна издржана национална стратегија за популациона политика со цел задржување на младите и квалитетни кадри:

„На пример правевме ад хок кампањи за трето дете, но не направивме кампања за одливот на млад кадар. Тоа всушност на нас сега ни се врати како бумеранг. Тие што ни заминуваат млади, тие се идните родители во земјите во странство. И сега што се случува секоја година имаме се поголем број на пензионери, а се помалку број на ученици“.

Стојаноска вели дека реформите кои во моментот се прават ќе треба да понудат поинакво образование и приближување до европските образовни политики:

„Да направиме дека компетенциите и квалитетот ќе бидат првенствени, а не партиската книшка во вработувањето како и стимулативни мерки во контекст на семејство“.

Од Министерството за образование (МОН) за Гласот на Америка велат дека новините кои биле најавени во изминатиот период, ќе ги овозможи новиот Закон за основно образование:

„Станува збор за смела реформа која подразбира посериозни поместувања во образовниот систем и од таа причина потребно е Министерството за образование и наука и училиштата да бидат целосно подготвени пред воведување на најавените реформи во образовниот процес“.

Намалувањето на часовите и бројот на децата во паралелките создаваат сериозни организациски предизвици додаваат од МОН.

Новите наставни планови и програми ќе се комплетираат во целост се до деветтото одделение, по што новиот концепт ќе биде разгледан како целина. Дополнителен проблем се и лошите услови во некои од училишните згради низ земјата. Но со финансиска помош на државата и странски донации се работи на реконструкција и изградба на нови.

XS
SM
MD
LG