Линкови за пристапност

Иран го надмина лимитот за збогатување ураниум


Надминат е лимитот од 3,67% утврден во Меѓународниот нуклеарен договор од 2015 година, соопшти иранската агенција за нуклеарна енергија

Иранската агенција за нуклеарна енергија соопшти дека е надминат дозволениот лимит за збогатување на ураниум според ограничувањата од Меѓународниот нуклеарен договор од 2015 година.

Иранскиот претседател Хасан Рохани минатата недела рече дека Иран е подготвен да збогати ураниум во „било која количина“ над нивото од 3.67%.

Иранските државни медиуми го цитираа портпаролот Бехрoуз Камалванди, кој изјави дека нивото на збогатување на ураниум достигнаа скоро 5%, со што се надминува лимитот од 3,67% утврден во Заедничкиот сеопфатен план за акција.

Тој исто така рече дека Иран би можел да размислува за продолжување на збогатувањето на ураниум на 20% како следен чекор на повлекување од обврските предвидени со нуклеарниот договор, доколку не ја добие помошта која ја бара за олеснување на санкциите.

Ураниумот збогатен на ниво на 5% е доволен за производство на гориво за нуклеарна централа, но се уште е далеку под 90% потребни за производство на нуклеарно оружје.

Иран сугерираше зголемување на нуклеарните активности барајќи од другите потписнички на нуклеарниот договор - посебно од оние во Европа – да сторат повеќе за да му помогнат на Иран да се справи со негативните ефекти од санкциите кои САД ги наметнаа откако се повлекоа од договорот минатата година.

Иранскиот претседател Хасан Рохани минатата недела рече дека Иран е подготвен да збогати ураниум во „било која количина“ над нивото од 3.67%.

Претседателот на САД Доналд Трамп го предупреди Иран дека е „подобро да биде внимателен“.

Ваквите потези предизвикаа загриженост во Европа. Портпаролката на ЕУ, Маја Коцијанчиќ, рече Европа е „исклучително загрижена“ и го повика Иран да ги “прекине сите активности“ кои не се во согласност со обврските од нуклеарниот договор.

Претседателот на САД Доналд Трамп го предупреди Иран дека е „подобро да биде внимателен“.

Во изјава за медиумите, тој не прецизираше специфични реакции, но го повтори ставот дека „Иран никогаш нема да има нуклеарно оружје“.

Претходно во порака на Твитер државниот секретар Мајк Помпео напиша дека одлуката на Иран ќе води до „натамошна изолација и санкции“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG