Линкови за пристапност

Жртви во немирите во затвор во Јужна Каролина


Според портпаролот на затворот во сојузната држава Јужна Каролина, 7-мина се мртви, а 17 биле повредени во немирите што избиле во објектот каде постои големо обезбедување.

Џеф Тејлон соопшти дека на повредените им е укажана медицинска помош, но немало повредени лица од редовите на обезбедувањето. Портоаролот додаде дека физичката пресметка меѓу затворениците почнала во неделата навечер по локално време.

Во затворот во Бишопвил се сместени околу 1.500 затвореници, некои од нив со големи криминални досиеја.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG